Напаѓачот на Челзи, Тами Абрахам, би можел да ја продолжи кариерата во градскиот ривал Арсенал, тврдат островските медиуми.
„Сините“ наводно го понудиле англискиот напаѓач на „топџиите“ за сума од 40 милиони фунти со цел да ги соберат потребните пари за да го донесат Ерлинг Халанд.
Се шпекулира дека потенцијалниот ангажман на норвешкиот напаѓач од Борусија Дортмунд може да чини огромни 175 милиони евра. Затоа на „Стемфорд Бриџ“ тие се обидуваат на секој начин да заработат пари, кои подоцна би ги вложиле во Халанд.
Арсенал покажа интерес за 23-годишниот напаѓач, но прашање е дали тој е подготвен да ги плати споменатите 40 милиони.
Абрахам блескаше пред две сезони постигнувајќи 15 гола на 34 натпревари во Премиерлигата до последниот падна во немилост на новиот менаџер Томас Тухел. На вкупно 22 натпревари на шампионатот, најчесто влегувајќи од клупата, тој постигна само шест гола, што му ја намали вредноста на пазарот.