Првата дама на државата, Елизабета Ѓоргиевска секој четврток волонтирала на СОС линијата на Црвениот Крст каде што за време на карантинот се јавуваа граѓани кои имале потреба за психолошка поддршка. Таа раскажува како пандемијата со Ковид 19 негативно влијаела врз менталното здравје кај луѓето.
„По справувањето со пандемијата и со висрусот ќе мора да се справуваме уште долги години со проблеми со психолошкото и менталното здравје кај луѓето дури и кога ќе заврши ситуацијата со вирусот и за жал и сите негови нови варијанти кои што се појавуваат секојдневно. Бројни здравствени установи во РСМ веќе ја забележаа зголементата потреба за психосоцијална поддршка на луѓето“, вели Ѓоргиевска.
Поради оваа состојба Црвениот крст ќе отвори Центар за прва психолошка помош и психосоцијална поддршка.
„Населението во Европа секоја година страдаат од мозочно нарушување како што се депресијата, анксиозноста, несоницата или деменцијата. Развојот и последиците од истата несомнено ја нагласија потребата од дополнителни напори за поддршка и грижа за зачувување на менталното здравје. Како податок од 2014 година менталните заболувања во Северна Македонија во селокупниот болнички морбилитет се застапени со 2,6 проценти“, вели Саид Саити.
Во Центарот за психолошка помош ќе работат стручни лица, но ќе имаат подршка од Министерстото за здравство, социјала и образование.