Данската фудбалска репрезентација беше запрена од Англија во полуфиналето на Европското првенство.
Селекцијата предводена од Каспер Хјумланд од клупата играше одличен фудбал на турнирот, но на крајот, по контроверзниот пенал за Англичаните, застанаа во полуфиналето.
Секако, постои големо разочарување кај репрезентацијата на Данска, а селекторот Хјумланд не може да верува дека играта не беше прекината пред да биде досуден пеналот.
„Пет секунди пред да истрча Стерлинг, му реков на четвртиот судија дека втората топка е на теренот“, рече данскиот селектор и додаде:
„Тешко е да се прифати ова. Во ред е да се изгуби играта, но на овој начин …“
There appeared to be a second ball on the pitch during the play that Raheem Sterling won a penalty for England in extra-time. pic.twitter.com/U9y5BTv0ni
— ESPN FC (@ESPNFC) July 7, 2021
„Човек трча во полето покрај друга топка, а потоа му досудува пенал што не постои. Ова е горчлив начин да се испадне од турнирот. Тешко е“, рече Хјумланд по натпреварот.
Данска одигра навистина феноменален турнир и тие одиграа ефикасно.
„Бевме една од најефикасните репрезентации. Ова е страшен тим и секако сме разочарани по ваков пораз. Бевме блиску до финалето и на крајот останавме без тоа на овој начин“, додаде данскиот тренерот.
Англичаните во финалето ќе играат против Италија, а натпреварот ќе се игра на Вембли на 11 јули.