Голманот на португалската репрезентација Руи Патрисио е нова аквизиција на Рома.
Според италијанските медиуми, Рома и Вулверхемптон постигнале договор за трансфер на голманот на португалската репрезентација.
Англискиот клуб ќе собере 10 милиони евра плус три милиони бонуси, а трансферот се очекува да биде официјализиран до крајот на денот.
Освен за Вулверхемптон, Патрисио играше и за Спортинг Лисабон, чии бои ги бранеше на дури 327 натпревари.
Од друга страна, Рома ќе ја напушти шпанскиот голман Пау Лопез, кој од следната сезона ќе игра за француски Марсеј.
Скај Спорт известува дека Лопез ќе биде подложен на лекарски прегледи во текот на денот, и пристигнува во Марсеј на едногодишна позајмица.
Доколку одигра 20 натпревари следната сезона, Марсеј ќе мора да го купи по цена од 12 милиони евра.
Лопез пристигна во Рома летото 2019 година од Бетис, а во својата кариера играше и за Еспањол и Тотенхем.