Леонардо Спинацола одигра одлично ЕУРО, а потоа се случи најголемата лоша среќа што може да му се случи на фудбалер.

На четвртфиналниот натпревар помеѓу Италија и Белгија, тој ја повреди Ахиловата тетива, го напушти теренот, а подоцна беше откриено дека е опериран.

Италијанскиот репрезентативец ја изведе операцијата во Финска, која помина успешно и сега ќе има пауза од неколку месеци до целосно враќање на фудбалските терени.

Спинацола се јави од болницата и им испрати порака на своите соиграчи пред вечерашниот полуфинален натпревар на ЕВРО против Шпанија.

„Сè помина во ред. Операцијата беше успешна. Им благодарам на сите за поддршката. Одбројувањето започна, ајде да одиме!“, порача Спинацола.