Во последната година е направено повеќе за органодарителството, отколку во претходната деценија е оценката на Боре Минов, член на здружението за механичка поддршка на срце „Храбро срце“.
Штипјанецот, Минов вели дека се мало здружение и засега само можат да прават кампањи и да ги информираат граѓаните за огранодарителството, а потребна им е поддршка за да се направат измени во постојниот Закон за трансплатација, кој ќе понуди начини како институциите да се информирани за одлуките и волjата на поединци дека сакаат по нивната смрт, нивните органи да се даруваат или секој сам да одлучува. Појаснува дека во моментов секој граѓанин е потенцијален донатор на органи во земјава.
Последниот збор го има семејството, тоа треба да одобри да починатиот или тој кој е со мозочна смрт, да се донираат неговите органи последен збор има неговото семејство. Ние се бориме, како во одредени земји, во кои има и е променето тоа. Многу тешко е кога семејството губи човек, во нивниот живот, а некој треба да се јави и да праша, дали тие се сложуваат, а тие се во шок. Многу е тешка таа одлука, во таков момент да се донесе таква одлука. За да не се случува тоа има држави во кои преку нотар се даваат изјави, за семејството за нас да не одлучува, туку одлучуваме самите ние, додека сме живи. Во некои од државите има и органодарителски картички, во некои пак е внесено како податок и на возачката дозвола, вели Минов.
Посочува дека во последната година нашата земја има направено големи чекори за влез во евротрансплант зоната, а за да се влезе во неа исто така треба да се исполнат одредени услови.
Најнапредни на оваа тема и меѓу првите во Европа е Хрватска. Во услови на пандемија, лани во земјава е направена првата трансплатација на срце. Досега се изведени пет трансплатации од починат донор, трансплатирани се четири срца и 12 бубрези, а направена е и првата трансплатација на коски и коскени ткива.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.