Рафа Бенитез и официјално е промовиран во нов тренер на аглискиот тим Евертон.
Искусниот 61-годишен Шпанец потпиша тригодишен договор со тимот. Тој практично доаѓа на местото на Карло Анчелоти, кој си замина за повторно да биде тренер на Реал Мадрид.
Последен клуб на Бенитез во Премиерлигата беше Њукасл, кој го напушти во јуни 2019 година за да замине во Кина во тимот на Далијан.
Тој ќе биде само вториот менаџер во историјата што ги водел и Ливерпул и Евертон. Првиот е Вилијам Едвард Баркли, кој го водел Евертон во 1888 година, а потоа бил дел од основачите на Ливерпул, клуб кој го водел четири години од 1892 до 1896 година.