Покрај ЕУРО, ова лето се игра уште едно континентално натпреварување.

Станува збор за легендарната Копа Америка, каде се натпреваруваат најдобрите репрезентации на Јужна Америка.

И Копа Америка влезе во финалето и четвртфиналните двојки се добро познати.

Аргентина ќе игра против Еквадор, а победникот од тој дуел ќе игра во полуфиналето со подобриот тим од натпреварот Уругвај – Колумбија, што воедно е и дерби од оваа рунда. Бразил ќе игра против Чиле, а подобриот од тој дуел во полуфиналето ќе оди на подобриот од дуелот Перу – Парагвај.

Во групната фаза последнопласираните екипи останаа без нокаут фазата, а тоа се Боливија и Венецуела.

Боливија ја завршија групата без бодови со четири порази, додека Венецуела освои два бода и ја пропушти нокаут фазата во која Еквадор отиде со три бода и интересно, Еквадорците имаа три нерешени натпревари и пораз и за прв пат во историјата на Копа Америка се случи една екипа без триумф да избори место во нокаут фазата.