Селекторот на Холандија, Франк де Бур вели дека неговиот тим бил подобар ривал од Чешка, но дека пропуштената шанса на Доње Мален и црвениот картон на Матијас де Лихт решително влијаеле на поразот и испаѓањето во осминафиналето од Европското првенство.
По три победи во групната фаза, Лалињата разочара во првата нокаут рунда. Тие загубија од Чешка со 2-0 и го завршија ЕУРО.
Мален и Де Лихт придонесоа најмногу за ваквиот исход. Првиот поради неверојатна пропуштена шанса, а вториот поради несовесното примање црвен картон.
„Бевме подобар ривал до тој црвен картон. Доминиравме во играта, пробивајќи се на крилјата над Дамфрис и Ван Анхолт, но го промашивме тој последен пас “, рече Де Бур и додаде:
„Вакви натпревари се решаваат со еден или два детали. Имавме голема шанса преку Мален, а неколку секунди подоцна останавме со десет. Ни се случи најлошото што можеше да ни се случи “.