Хрватската фудбалска федерација синоќа соопшти катастрофална вест за репрезентацијата во пресрет на мечот со Шпанија.
Еден од најдобрите хрватски репрезентативци и фудбалер на Интер, Иван Перишиќ има позитивен тест на ковид-19.
Тој е позитивен на ковид-19 и наредните десет дена ќе треба да ги помине во изолација, тоа значи дека би можел пак да игра на ЕП само ако Хрватска стигне до полуфинале.
Медицинската служба на репрезентацијата веднаш го изолираше Перишиќ од останатите членови на репрезентацијата и сега тој ќе мора да остане во карантин додека не добие негативен тест.
Ivan Perisic has tested positive for COVID-19 and must self-isolate for 10 days, the Croatian Football Federation announced.
He will not be available for Croatia’s round-of-16 matchup against Spain on Monday. pic.twitter.com/inThYvM8Ey
— B/R Football (@brfootball) June 26, 2021
Перишиќ даде два гола во групната фаза, беше стрелец во ремито против Чешка, но и во победата над Шкотска. Во тој меч запиша и асистенција.
За репрезентацијата на Хрватска вкупно одигра 104 меча и постигна 30 гола. Против Чешка стана првиот фудбалер кој постигнал барем еден гол на четири големи натпреварувања за „Коцкестите“.