Германската фудбалска репрезентација вчера во Минхен ја совлада Португалија со 4:2 во натпреварот од 2.коло на Европското првенство.

Германија загуби со 1-0, а потоа дојде до целосен пресврт и на крајот убедливо и целосно заслужено победи. Со оваа победа Германија ги задржа шансите за победа во нокаут фазата, а во 3.коло ќе ги одмери силите со Унгарија. Да потсетиме, во првото коло беше поразена од Франција со 1:0.

Она што вчера го активира алармот кај Германците е потегот на Тони Крос. Според Ла Сера, искусниот играч за врска на Реал Мадрид отишол да ја земе топката за да ја задржи како спомен.

Тоа може да значи дека тој реши да се збогува со репрезентацијата на крајот на турнирот. Билд на 29 март објави дека Крос има намера да ја заврши кариерата германската репрезентација по Евро.

31-годишниот Крос за прв пат играше за Германија во март 2010 година против Аргентина. Играше на неколку големи турнири, а во 2014 година го освои Светскиот куп со Германија.

Германија има генерациска промена, голем број нови и млади играчи, додека Крос треба во иднина целосно да и се посвети на својата клупска кариера.