Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев е дел од видео порака во која сите репрезентации кои учествуваат на Европското првенство испратија порака до Ериксен за брзо загпренување.
„Чао Кристијан, поздрав од мое име и од името на моите колеги. Ти посакуваме што побрзо заздравување и те чекаме уште посилен на теренот. Сите сме со тебе“, рече македонскиот капитен Пандев.
Капитенот на скандинавската репрезентација им се заблагодари на сите за големата поддршка и потврди дека се чувствува добро по несреќата и колабирањето на натпреварот против Финска.
Пред три дена времето за момент застана во Копенхаген, откако Ериксен колабираше на натпреварот со Финска, но благодарение на брзата реакција на неговите соиграчи и лекарскиот тим, избегната беше голема трагедија.