Тој дебитираше во Парма во ноември 1995 година на возраст од 17 години, 9 месеци и 22 дена, играјќи 0:0 против Милан.
Легендарниот Џиџи Буфон како што стојат работите е пред конечна одлука за тоа каде ќе ја продолжи својата кариера.
Џиџи е блиску до приклучување на „млекарите“, тим во кој ја започна својата кариера пред цели 26 години. Трансферот се уште не е официјализиран, но големи се шансите Буфон да се врати во Парма која следната сезона ќе игра во Серија Б.
– Четириесет и тригодишниот Буфон се согласи на двегодишен договор, напиша на Твитер инсајдерот Николо Шира.
Освен Парма, засега е познато дека Буфон добил понуди и од Бешикташ и Фламенго, а засега не се откриени имињата на другите тимови кои биле заинтересирани за неговиот потпис.