Позитивни вести пристигнуваат од Данска.
Кристијан Ериксен во моментов е во стабилна состојба.
Се разбудил и полека комуницирал со лекарите во болницата, каде го чекаат понатамошни прегледи.
Оваа информација е потврдена од Фудбалскиот сојуз на Данска, каде исто така наведуваат дека околу 19:45 часот ќе бидат познати нови информации во врска со состојбата на Крстијан Ериксен.
Christian Eriksen er vågen og er til yderligere undersøgelser på Rigshospitalet.
Kampen er midlertidigt udsat. Ny melding kommer kl. 19.45.
— DBU – En Del Af Noget Større (@DBUfodbold) June 12, 2021
Да потсетиме, натпреварот од првото коло на ЕУРО помеѓу Данска и Финска беше прекинат во 42-та минута откако Крситан Ериксен се сруши на теренот. На стадионот владееше тишина, а лекарскиот тим истрча и го оживеа играчот на Интер.
Натпреварот е прекинат и се чека конечна одлука за продолжението.