Македонската репрезентација на 13.06 со почеток во 18:00 часот, ќе го одигра дебитантскиот напревар на Европските натпреварувања против Австрија, на стадионот „Национална Арена Букурешт“.
На денешниот брифинг со новинарите, покрај Иван Тричковски и Егзон Бејтулаи ги споделија очекувањата пред самиот почеток на првенството.
„Се чувствувам одлично што сум дел од оваа репрезентација која направи историски успех. Со нетпрение го очекувам почетокот на првенството. Се надевам дека во Букурешт ќе се претставиме во одлично светло и ќе успееме да ги израдуваме нашите навивачи. Секогаш давав се од себе, во младата репрезентација на Македонија до 21 година и во А репрезентацијата. Треба подеднакво добро да напаѓаме и да се браниме. Имаме одличен тим, подготвени сме за Евро 2020“, изјави Берјулаи.
За изјавата на Иван Тричковски кликни тука.