Македонскиот репрезентативец Тихомир Костадинов на прес конференција во Букурешт ги искажа своите очекувања од дуелите на Европското првенство.
„Овие натпревари, последните два беа една добра увертира за ЕП. Одигравме добри натпревари, знаеме дека се пријателски, но последниот меч со Казахстан ќе ни помогне за нашата самодоверба, за тоа како ќе одиграме на првите мечеви во ЕП. Одработивме добар дел во овие две недели во кои сме заедно. Било кој противник да беше како прв, секој меч ќе биде тежок и е еден голем предизвик за нас затоа што сме првпат на едно вакво натпреварување. Австрија не победи на последните два меча, но ова е нов натпревар, нов ден, на тие дуели не мислиме, само да ги поправиме грешките и да се подготвиме максимално за да го добиеме тој натпревар. Очекуваме поддршка од нашите навивачите, знаеме дека се најгласни и најдобри, и многу ќе ни значи нивната поддршка“, рече Костадинов.