Заминувањето на Кристијано Роналдо од Јувентус беше честа тема на италијанските медиуми во минатото.
Медиумите од Апенините наведуваат дека новиот тренер на Бјанконерите, Масимилијано Алегри, не го гледа Роналдо во неговиот проект, а за сè зборуваше еминентниот новинар Ромео Агрести, кој е многу близок до тимот од Торино.
Тој посочи дека на состанокот помеѓу Алегри и управата на Старата дама разговарале за заминувањето на Роналдо од клубот.
“За време на состанокот помеѓу Алегри и управата на клубот се зборуваше за заминување на Кристијано Роналдо. Португалецот ќе одлучи кога и каде ќе го напушти Јувентус”, рече Агрести.
Португалската sвезда е обврзана со договор со Јувентус до јуни следната година.