Македонската фудбалска репрезентација попладнево го одработе последниот тренинг во Скопје, како подготовка за настапот на ЕП. Според планираната агенда нашата селекција во вторник наутро треба да замине за Букурешт, каде ги игра првите два меча од ЕП, против Австрија на 13-ти и Украина на 17-ти. Последниот меч го од групната фаза го игра против Холандија во Амстердам на 21-ви јуни.

Откако вчера доби негативен тест на коронавирус, Енис Барди го одработе првиот тренинг со селекцијата. Македонија во Букурешт патува комплетна.