Камерунскиот репрезентативец Ерик Максим Чопо-Мотинг ќе остане во Баерн.

Чопо-Мотинг се приклучи на германскиот шампион минатото лето како слободен агент откако му истече договорот со ПСЖ.

32-годишниот напаѓач потпиша едногодишен договор со Баварците, но денес официјално беше потврдено дека ќе остане во клубот од Минхен.

Имено, Баерн на официјалната веб-страница потврди дека Чопо-Мотинг потпишал нов договор со овој клуб до летото 2023 година.

Чопо-Мотинг пристигна како резерва за Роберт Левандовски и очигледно е дека таквата улога во тимот не му пречи.

Минатата сезона, Камерунецот одигра 32 натпревари во дресот на Баерн во сите натпреварувања, и успеа да постигне девет гола и да заведе една асистенција.