Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта најавил кадровска револуција. Се чини дека засега јасно е дека на „Камп Ноу“ ќе пристигнат три нови играчи, но дури по ова треба да тргнат заминувањата кои ќе бидат како никогаш досега.
Засилувањата која доаѓаат се проверени. Прво и најзвучно е Серхио Агуеро, потоа младиот стопер Ерик Гарсија, кој потекна во Барса, но четири години играше во Манчестер Сити. Третото е Вајналдум од Ливерпул. Тројцата доаѓаат како слободни играчи.
Барселона воедно врши последни преговори со Мемфис Депај од Лион. Но, тоа не е се. Барселона планира за девет милиони евра да го откупи договорот на Емерсон од Бетис, кој во моментов е еден од најдобрите десни бекови во лигата. Сепак, не е познато што ќе биде во овој случај со Дест и Серхи Роберто.
Што се однесува до заминувањата Миралем Пјаниќ, Филипе Кутињо и Самуел Умтити се веќе на излезната врата.