Судските реформи и борбата против корупцијата не се доволни. Во дебатата во емисијата „Патот кон“ опозицискиот пратеник, Халил Снопче, смета дека перцепцијата на меѓународните институции и граѓаните е дека земјата е потопена во корупција. Но, од ДУИ, велат дека оценката треба да се направи според докази и работа, а не според перцепцијата.

„Ние сме рекордери по индекс на корупција не само во регионот, туку и пошироко. Ние, според релевантните меѓународни институции, сме хибридна држава, односно автократна, одлуките ги донесува група луѓе, лидери, а повторно според меѓународните параметри сме понесреќни. Повторно според меѓународните параметри сме земја со најмал индекс на човечки капитал во Европа.“

„Не сакам да ја поставам вака дебатата дека таму каде што има перцепција постои и реалност, затоа што ако вака се справуваме со овие појави, тогаш има перцепција и за министерот за култура, кој денес е член на парламентарната група на опозицијата од редовите на Албанците, перцепција има и за градоначалникот на Врапчиште и за градоначалникот на Боговиње. И тука не сакам да кажам дека перцепцијата е еднаква на реалноста, сè додека не се докаже во соодветна постапка.“

Според пратеничката на ВМРО ДПМНЕ, скандалите докажуваат дека земјата не успева да се избори со криминалот и корупцијата, додека пратеничката на СДСМ, Бисера Костадинова, вели дека овие настани докажуваат дека има реформи во судството.

Стојкова и Костадиновска проценуваат дека земјата не треба да се спречи во нејзиниот пат кон ЕУ, поради спорот со Бугарија. Тие додаваат дека ЕУ треба да го одржи ветувањето дадено на Македонија, и да не ја држи во заложништво за прашања кои ги нарекуваат унилатерални, а не билатерални.