Фудбалерите на Баерн оваа сезона ја освоија 30. титула во германската Бундес лига.
Баварците се девет пати по ред шампиони на Германија и освоија вкупно 30 титули од основањето на Бундеслигата (1963).
Раководството на клубот одлучи да додаде петта sвезда на грбот, која ќе го краси дресот и ќе биде потсетник за освоените титули.
„Петтата sвезда на нашите домашни дресови е наградата за 30 шампионски титули од основањето на Бундеслигата во 1963 година. Ова го заработија многу генерации играчи и е доказ за децениската постојаност на Баерн на највисоко ниво. Фановите на Баерн можат да бидат горди на тоа“, изјави директорот на клубот Карл-Хајнц Румениге.
Германската фудбалска лига (ДФЛ) наведуваат дека екипите од прва и втора лига добиле ѕвезди за освоени титули од основањето на Бундеслигата во 1963 година: една за три титули, две за пет освоени титули, три за десет титули, четири за 20 титули во лиги, и пет за 30 титули.
Баерн е првиот клуб кој достигна пет sвезди во Германија. Германската титула во 1932 година не се брои затоа што не беше освоена во ерата на Бундеслигата.
Кон средината на јули, Баерн ќе го претстави својот нов домашен дрес, а „Адидас“ моментално работи на интеграција на петтата sвезда во него. Секако, овој мал додаток ќе придонесе за уште поголема продажба на дресовите на славниот клуб од Минхен.
Баварците беа далеку поуспешни минатата сезона, бидејќи останаа без ЛШ и без Купот, но она што е важно да се нагласи, освен освојувањето на титулата, е рекордот што Роберт Левандовски би можел да го постави во последното коло против Аугсбург. Полјакот претходно го изедначи рекордот од 40 постигнати голови во Бундес-лигата, кој му припаѓа на Герд Мулер од 1972 година.