Искусниот аргентински напаѓач Серхио Агуеро (33) ќе стане новиот играч на Барселона.
Аргентинските медиуми објавија дека Агуеро ги договорил сите услови на договорот со каталонскиот гигант и неговата преселба на „Камп Ноу“ ќе биде официјализирана по финалето во Лигата на шампионите против Челзи.
Серхио последните денови разговараше со претседателот на Барселона, Жоан Лапорт. Тој се согласи на сите услови што му ги понуди каталонскиот тим и реши да потпише договор со овој клуб.
ACUERDO TOTAL. El fichaje se hará oficial luego de la final de la Champions. Sergio Agüero jugará en el #Barcelona pic.twitter.com/GaH2cHbxeI
— Lucas Scagliola (@scagliola_lucas) May 14, 2021
Агуеро на тој начин по десет години повторно ќе игра во Ла Лига, каде претходно го носеше дресот на Атлетико Мадрид, и си заминува од Сити по една деценија мината во клубот.
Сјајниот напаѓач беше дел од најголемите клупски успеси во историјата на Сити и сигурно ќе остане запаметен како една од легендите на клубот.
Тој ќе има можност да ја заокружи својата феноменална кариера меѓу граѓаните на 29 мај во Порто, каде Манчестер Сити ќе игра против Челзи во финалето на Лигата на шампионите.
Овој трофеј е дефинитивно нешто што Агуеро очајно сака да го освои и таквото заминување од Манчестер би било идеално за него.
Вкупно, Агуеро одигра 388 натпревари во дресот на Сити и постигна феноменални 258 голови, а исто така освои 15 трофеи.
Исто така, треба да се напомене дека Барселона веќе го договори доаѓањето на друг играч на Сити, а тоа е младиот дефанзивец Ерик Гарсија.