Селекторот на фудбалската репрезентација на Бразил, Тите, го објави списокот со 23 фудбалери кои на почетокот на јуни ќе ги играат квалификациските натпревари за СП против Еквадор и Парагвај.
По пауза од скоро две години, Тите го врати легендарниот Дани Алвеш (38) во националниот тим, а на списокот повторно се најдоа Габриел Барбоса и Лукас Пакета.
Составот на Бразил изгледа навистина одлично, а Тите ги покани овие фудбалери.
Голмани: Алисон (Ливерпул), Едерсон (Манчестер Сити), Вевертон (Палмеирас)
Одбрана: Даниел Алвеш (Сао Паоло), Данило (Јувентус), Алекс Сандро (Јувентус), Ренан Лоди (Атлетико Мадрид), Едер Милитао (Реал Мадрид), Лукас Верисимо (Бенфика), Маркињос (ПСЖ) и Тиаго Силва (Челзи).
Среден ред: Касемиро (Реал Мадрид), Даглас Луиз (Астон Вила), Евертон Рибеиро (Фламенго), Фабињо (Ливерпул), Фред (Манчестер Јунајтед), Лукас Пакета (Лион).
Напад: Евертон Чеболиња (Бенфика), Роберто Фирмино (Ливерпул), Габриел Барбоса (Фламенго), Габриел Хесус (Манчестер Сити), Нејмар (ПСЖ), Ричарлисон (Евертон), Винисиус јуниор (Реал Мадрид).
Бразил на 4 јуни ќе се сретне со Еквадор во Порто Алегре, а четири дена подоцна ќе го посетат Парагвај во Асунсион.
Бразил е лидер на квалификациската табела со 100% учинок од четири натпревари.