Серхио Агуеро (33) го напушта Манчестер Сити по десет години, а се чини дека кариерата ќе ја продолжи во Барселона.
Мундо Депортиво наведува дека клубот и играчот покажале огромна желба за соработка, Агуеро е подготвен да прифати многу пониска плата отколку што имаше во Сити (14 милиони евра) и сигурно е дека Агуеро ќе стане нов член на Барселона.
Самиот Агуеро се понуди на клубот во последните месеци. Претходните денови беа воспоставени нови контакти и раководството на клубот доби зелено светло да го ангажира.
Со доведувањето на Агуеро, Барселона ќе се обиде дополнително да го убеди Лионел Меси да потпише нов договор, бидејќи тие се навистина големи пријатели.
Агуеро очигледно ќе се врати во Ла Лига, каде го носеше дресот на Атлетико Мадрид од 2006 до 2011 година.
Во дресот на „Јорганџоите“, постигна 101 гол на 234 натпревари, а потоа замина во Манчестер каде освои речиси сè со Сити.
Тој ќе има шанса кариерата да ја круниса во овој клуб со трофејот во Лигата на шампионите за кој граѓаните ќе се борат против Челзи.
Вкупно, Агуеро одигра 388 натпревари во дресот на Сити и постигна феноменални 258 голови.
Исто така, треба да се напомене дека Барселона веќе го договори доаѓањето на уште еден играч на Сити, а тоа е младиот дефанзивец Ерик Гарсија.