Денес се појавија гласини дека шпанскиот голман Давид де Геа може да игра за Жозе Мурињо, односно да замине од Манчестер Јунајтед во текот на летото, но наскоро стигна демант.

Иако ниту Де Геа, ниту Рома ниту Манчестер Јунајтед не одговорија на гласините, истакнатиот италијански новинар Фабрицио Романо објави дека станува збор за „лажни вести“.

“Нема преговори, нема контакт помеѓу Де Геа и директорите на Рома или Мурињо. Апсолутно нема ништо во врска со тоа”, рече Романо.

Сепак, се поизвесно е дека Де Геа на крајот ќе го напушти Олд Трафорд каде помина скоро една деценија од својата кариера. Шпанецот има договор со Манчестер Јунајтед, а „црвените ѓаволи“ планираат да му дадат шанса на Дин Хендерсон на голот.

Затоа, Де Геа најверојатно ќе биде продаден, но клубот ќе мора да му даде обештетување за договорот. Рома нема да биде во ситуација да донесе одличен голман, но богат клуб како ПСЖ сигурно може да го стори тоа.

Парижаните сакаат да најдат замена за Кејлор Навас и се верува дека размислуваат да го купат Де Геа, чија вредност опаѓа и денес се проценува на околу 20-25 милиони евра.