Угледниот италијански весник, Газета дело Спорт, кој ретко греши, објави вест дека во соблекувалната на Јувентус имало големи проблеми. Наводно неколку фудбалери се кренале на бунт против Кристијано роналдо. Сметаат дека има премногу слобода во тимот, како на теренот, така и надвор од него.
Роналдо не се појави на тренингот на екипата само еден ден откако Јувентус доживеа дебакл против Милан од 3:0 на домашен терен.
Од друга страна, пак, се зголемуваат и шпекулациите за заминување на Роналдо. Опциите се Манчестер Јунајте или ПСЖ.