Пивара Скопје денеска стана официјален партнер на ФФМ во пресрет на дебито на нашата репрезентација на Европското првенство, под мотото „Заедно и се е можно“
На промовирањето на новото партнерство на Пивара Скопје и ФФМ, беше промовирана и химната на националниот тим за дебито „Одиме на Европско првенство“ во изведба на ВИС рисови.
Пивара Скопје подготви посебно дизајнирани лименки на Скопско и Скопско Смут, посветени на фудбалот и фудбалската репрезентација.
„Исклучително сме среќнио што како докажани партнери и поддржувачи на спортот имаме можност да бидеме дел од оваа приказна која покрај спортскиот успех во себе содржи и голема национална гордост. Сигурни сме дека фудбалерите ќе дадат сѐ од себе да го вивнат макеоднскиот фудбал во нови височини и одново да покажат дека кога се подготвени заедно да го дадат максимумот на теренот – сѐ е можно. Ние ветуваме дека Скопско ќе биде со нив и дека заедно со многубројните фанови и целокупната јавност од сѐ срце ќе ги бодриме.Веруваме дека понсите неизвесни и тешки моменти со кои се соочуваме во овој период, нашите фудбалери со нивната игра и залагање ќе нѐ исполнат со радост и гордост“, рече Горан Сладиќ, генералниот директор на Пивара Скопје.
„Ни претставува исклучително задоволство што денеска фудбалската селекција и куќата на фудбалот добиваат нов партнер во Пивара Скопје. Не радува тоа што еден од нашите најпрепознатливи брендови Скопско станува дел од фудбалското семејство. Верувам дека заеднички ќе се радуваме на нови победи и со душа и срце ќе ја бодриме нашата и ќе славиме со ‘на здравје – за нови победи!’“, рече првиот човек на ФФМ, Муамед Сејдини.
Да потсетиме ФФМ пред повеќе од еден месец потпиша договор со Државна видео лотарија како партнер во оваа година, пред настапот на ЕП.