Пари Сен-Жермен не се откажа од намерата да потпише договор со напаѓачот на Барселона, Лионел Меси. Парижаните го планираат својот состав за следната сезона, со 33-годишниот Аргентинец во него, објавија француските медиуми. Исто така, ПСЖ е заинтересиран за дефанзивецот на Барселона, Емерсон Апаресидо, кој сега игра на позајмица во Бетис. Францускиот клуб сака да го засили и средниот ред. „Светците“ веруваат дека огромните трошоци што клубот ќе мора да ги направи ако Лионел Меси, Килијан Мбапе и Нејмар играат во ист тим, ќе се исплатат, бидејќи приходите од рекламирање и продажба на стоки ќе се зголемат неколку пати. Меси оваа сезона одигра 32 натпревари во Ла Лига, постигна 28 гола и направи девет асистенции.