На 68-мата седница Владата донесе одлука за формирање Координативно тело за поддршка на фудбалската репрезентација на Европското првенство во фудбал 2020, одложено од минатата година, а кое ќе се одржи годинава.

Координативното тело има за цел да ја помогне организацијата, комуникацијата и промоцијата на настапот на фудбалската репрезентација на Северна Македонија на ова европско натпреварување.