„Мртвата“ трка во Шпанија продолжува. Барселона вечерва славеше на гостувањето кај Валенсија со 3:2. Сега има ист број бодови како второпласираниот Реал, по 74 или два помалку од лидерот Атлетико Мадрид на четири кола до крајот од првенствоото.

Валенсија поведе со голот на Габриел Паулиста во 50-та минута, а тоа како да го налути или разбуди Лионел Меси. Аргентинецот најнапред од втор обид од белата точка постигна гол за 1:1 во 57-та минута. Гризман во 63-та погоди за пресврт и 2:1, а Меси во 69-та за 3:1. До крајот на мечот Валенсија успеа само да го ублажи поразот.

Во следното коло Барселона на домашен терен игра со лидерот Атлетико Мадрид, можеби клучен меч во трката за титулата. До крајот уште ќе игра со Леванте на Енис Барди, Селта Виго и Еибар.