Ливерпул очигледно ќе има возбудливо лето на трансфер пазарот.
Откако се договорија за трансфер на Ибрахим Конате од РБ Лајпциг, „црвените“ влегуваат во финализирање на зделката со Ив Бисума. Оваа информација ја пренесува Ливерпул Ехо.
Тој е 24-годишен фудбалер кој е член на Брајтон и сениорски репрезентативец на Мали. Бисума треба да влезе како замена за Георги Вајналдум, кој го напушта „Енфилд Роуд“ во јуни.
Бисума има моментална вредност од 17 милиони евра. Брајтон сигурно нема да го пушти овој играч да оди така, па се поставува прашањето колку Ливерпул ќе треба да плати. Споменатиот играч за врска оваа сезона одигра 34 натпревари за Брајтон во сите натпреварувања. Неговата позиција е последен играч за врска, а тој постигна и два гола оваа сезона. Тој исто така игра и на други позиции во средниот ред.
Кариерата ја започна во Мали со Реал Бамако, по што замина во Лил. Во францускиот тим, тој најпрво беше во Б тимот, а потоа беше префрлен во првиот тим на Лил. Тој ги напушти редовите на француската прва лига во 2018 година кога дојде на Островот, каде стана еден од клучните играчи на Брајтон.
Ив Бисума исто така одигра 14 натпревари за репрезентацијата на Мали и постигна три гола. Јирген Клоп го имаше споменатиот фудбалер на радар минатото лето, но немаше преговори меѓу двата тима.