Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, ќе учествува на АТП 250 турнир во Белград. Мечевите ќе се играат во периодот 22-29 мај, односно една недела пред Грен слемот Ролан Гарос.
Покрај 18-кратниот Грен слем шампион учество на турнирот најавија и: Гаел Монфилс, Адријан Манарино, Николоз Басилашвили, Филип Крајоновиќ, Душан Лајовиќ, Миомир Кецмановиќ, Ласло Ѓере.
Турнирот го организира семејството Ѓоковиќ. Натпреварите ќе се одржат на терените на тениски центар на првиот светски рекет.