Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез не може да се помири со фактот што не ја започна Суперлигата и продолжува да ги истакнува негативните финансиски ефекти од ваквиот епилог.
Неуспехот на проектот Суперлига, барем според Перез, ја загуби и шансата Реал наскоро да може да ги донесе Килијан Мбапе или Ерлинг Халанд.
– Мбапе и Халанд? Не можеме да ги донесеме без Суперлигата. Ниту ние, ниту некој друг – рече Перез .
И тогаш малку го ревидираше својот став и покажа каде навистина „боцка“.
– Без Суперлигата, не е можно финансиски да се натпреваруваме со клубови-држави.
Со ова алудира на ПСЖ, зад кој практично стои државата Катар.