Односот меѓу Вардар и Веселин Вујовиќ е посебен и тоа е јасно, сега во интервју за „24.ракомет“ Михајловски зборуваше за можен нов стратег, тема беше и Вујовиќ.
По она што го кажа Михајловски можеби и најавува разделба со Стевче Алушовски на крајот од сезоната.
„Лесно е да замениш некого, но треба да најдеш и соодветна замена. Во тој момент кога беа актуелни тие „приказни“ единствени два слободни тренери беа Зоран Кастратовиќ и Звонко Шундовски, кој се врати од Израел. Јас не сум убеден дека тие двајца се подобри од Стевче Алушовски, а и не сум ни разговарал со никого. Јас му ветив на Стевче шанса и тој ја има мојата комплетна поддршка да ја заврши оваа сезона. За странски тренер размислувам кога имам слободно време за тоа“.
За можното доаѓање на Вујовиќ.
„Што се однесува до Вујовиќ, ние сме добри пријатели, се слушаме од време на време, се консултираме, разменуваме мислења, скоро и се видовме. Неспорно е дека Вујо го сака Вардар и јас ќе разговарам со него и ќе видам каде ќе може да се најдеме во таа соработка. За оваа година му ветив на Алушовски шанса и му ја дадов, дали ја искористи комплетно или не, резултатите кажуваат.“, додава првиот човек на Вардар.
Кизиќ оди во Еурофарм Пелистер како што беше потврдено пред неколку дена, а од Вардар ќе замине и францускиот голман Робин Категрел.
„За мене нема прв, втор или трет голман сите се важни. Ристовски е одличен и ќе остане со екипата, можеби треба да ослабе 10 килограми (се смее) и ќе биде оној стариот Борко. Томовски доаѓа, тој е стандарден македонски репрезентативец и секако работиме на доведување на трет квалитет голман. Што се однесува до Кизиќ, грубо кажано му лета паметот. Кизиќ е дете на Вардар и многу логично е да остане во клубот. Прочитав некаде дека финансиите биле спорни, но ние не ни дојдовме до таа фаза од преговорите. Тој дојде со став да му гарантирам дека ќе брани, ја тоа не можам да го направам, екипата има тренер. Не бил задоволен од минутажата, но ако гледаме така тој имаше поголема минутажа од Кантегрел. Не сакам да имам незадоволни играчи во екипата тоа го покажавам и со Марко Вујин кого го пуштив да си замине сред сезоната. Исто е и со Кантегрел кој побара раскинување на договорот и го доби, ќе си замине на крајот од сезоната“.
Целото интервју можете да го прочитате – тука