Претседателот на УЕФА Александар Чеферин тврди дека го видел распоредот на Суперлигата и како што вели изгледал смешно.
-Еден клуб денеска ми го испрати распоредот на мечевите во Суперлигата. Изгледаше многу смешно, бидејќи само Реал Мадрид и Јувентус играле секоја недела, изјави Чеферин.
Како што е познато Флорентино Перез (Реал Мадрид) и Андреа Ањели (Јувентус) се најголемите заговарачи на Суперлигата. Причина се парите секако и огромната заработа. УЕФА најави санции за овие два клуба.