Во 32. коло од Серија А екипата на нашиот репрезентативец Горан Пнадев ремизираше на домашен терен против Беневенто со 2:2, а двата гола за домашниот тим ги постигна Пандев.
Гостите го отворија натпреварот и стигнаа до рано водство со гол од пенал во 5. минутса. Виола беше прецизен од белата точка и го донесе Беневенто во водство од 0:1.
Во 11. минута од натпреварот Пандев постигна гол за изедначување и ги врати работите на почеток.
Само четири минути подоцна, односно во 15. минута од натпреварот Лападула погодува по асистенција на Виола и го врати Беневенто во водство од 1:2.
Во 21. минута од натпреварот, разиграниот Пандев повторно погодува и го изедначува резултатот на 2:2, а воедно тоа беше и конечниот резултат на натпреварот.
На овој натпревар Горан Пандев го постигна и својот јубилеен 100. гол во Серија А.