Состојбата со коронавирусот не се смирува, а темата за подигнување на имунитетот е сè поактуелна и отвора нови прашања. На најчестите прашања кои нè загрижуваат, одговори ни дава м-р Билјана Дупјачанец Божиновска, фармацевт, управителка на аптеките „ДНА Анни фарм“.
И покрај големите дози на витамини што ги консумираме, вирусот може да не нè заобиколи. Што покажуваат новите трендови во фармацијата?
– Најважно од сѐ е да научиме дека инвестицијата во имунитетот е континуирана грижа и навика, која доколку ја немаме ќе мора интензивно да поработиме на нејзино стекнување. Жалам што пандемијата требаше да биде фактор на освестување дека најдобрата инвестиција е токму во превенцијата на нашето здравје, поточно во издигнувањето на нашиот имун одговор.
Новите трендови покажуваат дека антиоксидансите се супстанции кои го превенираат или намалуваат оштетувањето на клетките предизвикано од слободни радикали. Доколку телото не може ефикасно да ги процесира или отстрани слободните радикали, настанува оксидативен стрес кој може да предизвика оштетување на клетките и функцијата на телото, а со тоа и пад на имунитетот.
Голем број граѓани го прележаа коронавирусот, некои полесно, некои потешко. На што, според Вас, се должи дали вирусот ќе го дочекаме „на нозе“ или ќе нè задржи во болница или на продолжено домашно лекување?
– Секако дека најважен е нашиот имунитет. Има пациенти кои без симптоми ја прележаа корона-инфекцијата. Но за жал, дел од граѓаните завршија и со трагичен крај.
Свеста за превенција сè повеќе се зголемува посебно кај младата популација што искрено многу ме радува. Здравите навики како што се здрава храна, физичка активност и внес на додатоци во исхрана е нешто што постарите генерации не го практикувале. Модерниот и брз начин на живот наметна и нови правила за грижа за сопственото здравје. Оттука, ќе се навратам колку е важен и избалансиран внесот на антиоксиданси кои се неопходни за заштита од слободните радикали и за јакнење на имунитетот. Внесот на дневните потреби преку исхраната не е секогаш задоволителен. Затоа треба да се размисли и одбере добар антиоксиданс кој ќе се користи во превенција, но и на пациентите со постковит комликации ќе им даде сила и енергија во враќањето на сите претходни животни активности.
Постковид опоравувањето често оди тешко, дел од симптомите ги чувствуваме и понатаму, особено недостаток на енергија. Што препорачувате, како да се врати енергијата и добрата здравствена форма?
– Искуствено голем број од пациентите имаат многубројни постковид компликации. Покачени д-димери, брз замор, намалена енергија и ред други потешкотии. Храната сама по себе не е доволна да помогне во намалување на овие симптоми. Решението е избор на антиоксиданс-производ, кој несомнено е веќе добро познат по своите позитивни ефекти и од кој имаме голем број задоволни пациенти. Ge 132 се смета за едно од најголемите откритија во нутритивниот пристап кон надминување на состојбите предизвикани од разни заболувања.
Кај луѓето кои редовно го употребуваат, Ge 132, комбиниран препарат со силни антиоксиданси, делува на тој начин што му помага на човековиот организам да се ослободи од токсичните материи што ги внесува преку употреба на хемизирана храна, неквалитетна вода, загаден воздух и слично, овозможувајќи му на организмот самиот да ја надмине состојбата на нарушено здравје.
Посебно важно е да се истакне потребата од овие антиоксиданси кај пациентите кои се на домашно лекување.
Некои истражувања покажаа дека имунитетот ни се намалува во периодот помеѓу двете антиковид вакцини, поточно по првата примена вакцина. Има ли вистина во тоа и што треба да се направи за да се заштитиме?
– Вистината е дека додека немаме доволен број антитела против коронавирусот, немаме ни заштита. Тоа значи дека мора континуирано да работиме на превенција, која не смее да заврши дури ни по вакцинирањето. Здравите животни навики треба да бидат дел од нашето секојдневие. Само тоа е гаранција за вистински влог во превенција на нашето здравје.
(комецијален текст)