Кошаркарката федерација на Македонија го промовираше новиот селектор. Тоа ќе биде Драган Бајиќ, кој е договорен на четиригодишна соработка. Како што вели тој, Скопје е негов среќен град, бидејќи со кој и да играл тука, против кого и да играл, никогаш не загубил. Првата задача за новиот селектор се претквалификциите за СП закажани за во август.

Најавува дека ќе има шанса за сите, но нема да играат имиња, туку оној кој што ќе го дава максимумот.

-Шанса ќе добијат сите кошаркари што го заслужуваат тоа. Со мојот темперамент ќе се обидам да го извлечам најдоброто од моите избраници. Ќе мора да бидеме сите како едно семејство, да дишеме како едно. Само така може да дојдеме до посакуваната цел. Младите дефинитивно ќе добијат шанса, но никој нема да има загарантирано место само затоа што има талент и 19 години, вели новиот селектор на Македонија.