Повлечените амандмани од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива ја одблокира работата на законодавниот дом. Комисијата за финансирање и буџет за еден час успеа да ја заврши амадманската расправа по четирите закони од петтиот сет мерки кои ги чека бизнис заедницата. Со амандмани се интервенираше роковите за аплицирање на компаниите и самостојните вршители на дејности да бидат продолжени до 30 април. Опозициската ВМРО- ДПМНЕ поднесе 17 амандмани со кои побараа помошта да важи уште за два месеци.
„Бараме наместо за месеците февруари и март да се доделат средства и за месеците април и мај, следното наше барање е средствата да бидат доделени на трансакциските на работниците а не работодавачите, и третото наше барања е средствата да бидат неповратни без никакви условувања“, рече Дафина Стојановска- пратеничка на ВМРО- ДПМНЕ.
– Advertisement –
Ниту еден од поднесените амандмани од ВМРО-ДПМНЕ не беа усвоени бидејќи мерките биле креирани со веќе донесен буџет кој има точно предвидени парични средства.
„Со оглед на тоа дека овој предлог закон е веќе влезен во буџетот за 2021 година амандманот не може да го прифатиме и второ забелешката во однос средства да бидат директно префрлени на работниците а не преку работодавачите исто не може да се прифати од причина што платата ја исплаќа работодавач преку соодветни институции“, рече Димитар Ковачевски, Заменик министер за финансии.
Доцнењето на овие мерки од петиот сет остави без плата илјадници граѓани а голем број вработени беа испратени на принуден одмор.Покрај предлог законите за финансиска помош за исплата на плати за месеците февруари и март, на комисијата помина и законот за помош на ранливите категории на граѓани. Овој предлог закон се однесува на 22 илјади граѓани кои лани поради кусите рокови не успеаа да си ги подигнат шесте илјади денари државна помош. Првичниот рок беше до 31 март но со амандман рокот беше продолжен до 31 мај.
Андреа Чобанова