Поранешниот македонски репрезентативец Адис Јаховиќ му донесе победа на Гозтепе ид 3:2 против Хатајаспор. Тој беше стрелец  на трите голови. По половина час игра го постигна првиот гол, а осум минути подоцна зголеми на 2:0. Потоа следуваа минути на противникот кој преку Диуф намали на 2:1, а Јаховиќ повторно стапува на сцена за ново водство од 3:1. До крајот на мечот, односно во самиот финиш домаќинот само го ублажи поразот и ги постави конечните 3:2.