Локалниот шпански весник „Лас Провинсианс“ објави информација дека нашиот Енис Барди, кој е член на Леванте, е под истрага на полицијата, бидејќи наводно возел со фалсификувана возачка дозвола. Ова било откриено откако Барди бил сопрен при рутинска контрола.
Тој бил сопрен вчера околу 13.20 часот кога возел Порше Панамера. Откако ги побарале сообрачајната и возачката дозвола, еден од локалните полициски службеници наводно утврдил дека возачката не е во согласност со законските норми.
Полицискиот службеник открил дека недостасуваат други безбедносни ознаки по разгледувањето на документот под ултравиолетово светло.
По повод овој случај, се огласи самиот Енис Барди. Како што вели тој по информациите во локалниот медиум, возачката дозвола која ја покажал на 5-ти април на полицијата е валидна и издадена во а Македонија. Целата документација ја проследил до локалната полиција таму, а документот е издаден од страна на МВР во Македонија. Со ова како што вели Барди сака да се разјасни целата ситуација.
— Enis Bardhi (@enisbardhi10) April 6, 2021