Напаѓачот на Интер, Мауро Икарди неодамна привлече големо внимание со објавата на Инстаграм.
Аргентинецот објави фотографија од своето куче и сопругата Ванда, и напиша:
„Моето куче и мојата кучка“.
Неговата објава предизвика многу осуди. Самата Ванда искоментира „баш смешно“, а Инстаграм потоа ја отстрани оваа фотографија.
Ванда тогаш реши да застане во одбрана за својот сопруг кој се соочи со бројни критики.
“Пишува на шпански јазик и не е одговорен за преводи на други јазици. За личност како Мауро, зборот куче/кучка никогаш нема да биде навреда затоа што сака животни. Луѓето се смешни”, рече Ванда.