Кулинарските емисии, блогови и групи на социјалните мрежи се многу популарни и таму ќе најдете интересни рецепти и совети за готвење вкусни јадења од наједноставните како оние како да направите омлет, до најкомплицирани деликатеси.
Пред да впуштите во кулинарски авантури, добро е да се запознаете со начините на подготовка различни производи. Храната може да се сервира сурова (на пример, салати, суши и сл.), печена, пржена и варена.
Но, исто така, можат да се применат и разни комбинации на термичка обработка – прво дел од зеленчукот да се пропржи, за манџа, па да се вари.
Поширањето е техника која сè почесто се користи во современото кулинарство. Но, што се подразбира под овој поим? Овој израз доаѓа од францускиот јазик и се користи за специјален начин за подготовка на јајца – тие се варат во врела, не вода која врие.
Тоа е процес на варење на производите во вода или друга течност на температура од 70-80 степени.
Течноста не смее да врие, т.е. не смее да достигне температура до 100 степени. Поширањето се користи за производи како риба, некои видови зеленчук, овошје и јајца. На овој начин се сочувува вистинскиот вкус на храната. Исто така се сочувува текстурата, на пример, месото од риба станува меко, но не кашесто, како што би се случило ако се вари во зовриена вода.
Има два начина за поширање. Првиот е водата да зоврие, да се додадат зачини, па потоа да се тргне на страна, а производот се потопува во неа и така стои 15-20 минути.
Вториот начин е производот да се загрева заедно со течноста, но треба да се води сметка сè да се одвива на рамномерна температура, која нема да премине 80 степени.
Поширањето е постапка што сè почесто се користи во подготовка на десерти. Пробајте десерт со, на пример, поширани крушки, јаболка и сл.