Англиските медиуми пишуваат дека Хери Кејн би можел да го напушти тимот на Тотенхем на крајот од оваа сезона.

Кејн веќе неколку сезони е најдобар играч на лондонскиот клуб, но се чини дека го губи трпението затоа што тимот неможе да стигне до трофеј.

Наводно, Кејн ја разгледува опцијата да го напушти Тотенхем на крајот од оваа сезона и да замине во клуб каде што ќе може да освои титула бидејќи му се чини крајно време да ја почувствува и таа сладост.

Сепак, клубовите кои имаат за цел да се обидат да го донесат овој напаѓач на крајот на сезоната ќе мора добро да ја расчистат сметката во банка.

Имено, „Сан“ објави дека челниците на Тотенхем му одредија цена на Кејн и дека таа изнесува неверојатни 175 милиони фунти, што на секој клуб ќе му биде тешко да може да плати.