Победата на Македонија над фудбалската велесила Германија ќе биде главна тема вечерва, но и во наредните денови во фудбалскиот европски свет. Од сите страни доаѓаат пораки со честитки за храбрата игра, а светските спортски медиуми се уште се во шок од прикажаната игра на нашата селекција.

Еминентниот спортски сајт „Goal.com“ преку социјалните мрежи постави неколку фотографии од овој меч, изразувајќи го неверувањето дека 65-та селекција на ФИФА ранг-листата ја победи светската велесила Германија.

Разочарување кај Германците е огромно, а сигурно уште долго време ќе го памети овој меч напаѓачот Тимо Вернер кој излезе „еден на еден“ со голманот Димитриевски, но се сплетка и не успеа да донесе израмнување за домашната екипа.