Холандија синоќа гостуваше во Гибралтар во рамките на 3. коло од квалификациите за Светското првенство.
Холанѓаните како големи фаворити дојдоа до убедлива победа со 7:0 и тоа е најмалку што се очекуваше од нив, иако Гибралтар 40 минути ги издржа нападите на гостинските ѕвезди.
Бергус погоди за 0:1, пороа следеа шест гола во мрежата на домаќините, но победата на Холанѓаните ја засени сериозната повреда на нивниот играч Дејли Блинд, кој го напушти теренот во 54-та минута.
Блинд се лизна, а потоа незгодно застана со левата нога и се чини дека претрпе многу сериозна повреда.