Македонскиот репрезентативец Енис Барди, посочи дека оваа репрезентација на Македонија е многу квалитетна.
Утре во 20.45 часот на арената „Тодор Проески“ играме против Лихтенштајн кој е аутсајдер во групата.
Првиот натпревар од квалификациите за СП го загубивме 3:2 против Романија, сепак утре имаме шанса да ја исправиме грешката што ја направивме на натпреварот против Романија.
Барди предупредува дека секогаш е тешко да се игра против тим кој исклучиво е ориентиран само на дефанзива со 11 играчи.
„Ние влегуваме максимално сериозно во овој меч, за нас е важен, а и многупати покажавме дека можеме да ги победиме. Оваа Македонија е многу квалитетна, сите нѐ гледаат сега со други очи, а утре треба да бидеме како и досега, да ја завршиме работата. Тешко е да се игра против еден тим кој само се брани, знам дека нѐ чека тежок меч, кога против себе имеме противник кој постојано се брани со 11-мина. Многу е мал просторот за игра, тешко е да се најде простор на таква игра, ама ние имаме доволен квалитет за што побрзо да дадеме гол и да ги разбиеме“, вели Барди.
Исто така тој посочи дека атмосферата во тимот секогаш е одлична и дека сите уживаат додека се тука.
„Секогаш атмосферата во тимот била одлична, ние секогаш и едвај чекаме да играме за Македонија и мислам дека тоа се гледа, се гледа дека уживаме додека сме тука“, додава Барди.
Македноја по натпреварот со Лихтенштајн кој се игра утре, ја очекува тежок натпревар против Германија на гостински терен.