УЕФА планира на финалето на Лигата на шампионите кое ќе се одигра на 29-ти мај во Истанбул да има навивачи. Па, каков би бил тоа спектакл без публика. Поради пандемијата со коронавирусот, како што е познато само во мал број држави има ограничен број на навивачите на стадионите, во останатите земји целосно е забрането присуство на публика.
Сепак, во мај во Истанбул ќе има навивачи. Конечната одлука за присуство на навивачите ќе биде донесена по состанокот со турската влада, но УЕФА и тоа како е оптимистична дека дел од трибините ќе бидат пополнети. УЕФА ги извести четвртфиналистите од најелитното клупско натпреварување дека барем 9.000 навивачи би требало да присуствуваат на финалето, а дел од влезниците ќе добијат навивачите на двата финалисти. Навивачите ќе бидат внимателно избрани, а своите влезници ќе ги добијат електронски, односно во слободна продажба нема да има влезници.