Македонија за неколку минути ги стартува квалификациите за пласман на СП кое треба да се одигра следната година во Катар. Првиот меч го играме на гости против Романија, а познат е и почетниот состав. Пандев и Несторовски во нападот, зад нив Елмас, во средината Барди и Николов, бекови се Алиоски и Ристовски, а стоперското трио е Ристевски, Муслиу, Бејтулаи. На голот Димитриевски. Да посакаме триумф.